Свет

2 март, 2019

Песни на Марс, Ширан и Гранде забранети во Индонезија заради „порнографски содржини“

„Shape of You“ од Ед Ширан, „Love Me Harder“ од Аријана Гранде и Викенд, како и „That’s What I Like“ од Бруно Марс се меѓу 85-те песни што се забранети за емитување во Индонезија заради „порнографски содржини и непристојност“, велат од Радиодифузната агенција во индонезиската област Западна Јава, дозволувајќи нивно емитување само во периодот од 22 часот до 3 часот наутро.

Како што соопштија од агенцијата, причината за забраната е „заштита и задржување на моралните и религиозни вредности, како и на националниот идентитет“, но и дека станува збор за „песни и/или видеа што содржат наслови или стихови со сексуални или вулгарни теми и што наведуваат на сексуални односи“.

 

Меѓу забранетите песни се најдоа и „Dusk Till Dawn“ на Зејн Малик и Сиа, „Your Song“ на Рита Ора и „Wild Thoughts“ на диџеј Калид и Ријана. Единствениот што реагираше досега е Бруно Марс, кој се пошегува со оваа одлука обвинувајќи го „перверзниот“ Ед Ширан.

„Што? Растурав во Индонезија! И ете ти го Ед Ширан со неговите болни, перверзни стихови, ставајќи нè сите во неволја! Фала ти, Ед! Фала многу!“, напиша тој на Твитер.

 



Врати се горе ↑