21 мај, 2013

Песната „Запиши ме“ на Софија Манева доби видео приказна

„Запиши ме“ е насловот на новиот сингл на Софија Манева, кој на големо задоволство на фановите на македонската поп пејачка доаѓа заедно во пакет со исклучително интересна видео приказна во која се појавува и нејзиното момче, Ѓорѓи Славев.

Потписот на двоецот Перо Манев и Тони Соколов – Цока стои и зад новата љубовна балада на Софија, додека пак видео продукцијата повторно му беше доверена на Пепи Ангелов, кој ни доловил многу интересни кадри од висорамнината Витачево, преубавите плажи во Посиди, Грција, како и од најголемиот јавор во Тиквешијата, кој се наоѓа во дворот на основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ во Ваташа.

Со новата песна и видео запис, Софија продолжува со промоцијата на сингловите од нејзиниот нов албум „Тишина“, но и со соработката со кавадаречката компанија „Кожувчанка“, која е генерален спонзор на новиот хит на Манева.



Врати се горе ↑