Балкан viki1

29 април, 2013

Песната за Алабина заврши кај Вики Миљковиќ

Српската фолк пејачка Вики Миљковиќ од романскиот хит мејкер диџеј Кости (DJ Costi) ја добила песната која првобитно била наменета за израелската ѕвезда Алабина. Песната е насловена „Чики, лики, лајла“, a премиерно ќе биде изведена во шоуто Ами Џи.

„Многу сум среќна што конечно се појави оваа песна на која работевме долго време. Имено, таа настана уште кога „Румба“ само што го започнуваше својот пат да стане хит. За оваа песна истовремено се интересираа голем број изведувачи од разни простори и мило ми е што јас успеав да ја добијам оваа песна за нашиот пазар бидејќи е потполно вонсериска“ – изјавила Виолета, додавајќи дека и таа слушнала дека песната требало да ја сними Алабина.

„И јас слушнав дека било планирано некои песни од Кости да сними и Алабина, а ми спомна дека и другата песна која ја подготвуваме за оваа година е правена токму за неа. Можам да Ви кажам дека навистина мириса на некои светски хитови. Се надевам дека ќе можете да ја слушнете и новата песна пред Нова година.“ – изјавила русокосата пејачка за домашните медиуми.

Како звучи оваа песна, можете да слушнете во краткиот промотивен клип во продолжение.

Извор и фото: Трачара

 



Врати се горе ↑