Видео Karolina+Goceva+Karolina

24 јуни, 2014

Песната на Каролина и Ориѓански во данска реклама за колачињата „Орео“

Познатиот хит „Пролет, лето, есен, зима“, кој се најде на првиот етно албум „Македонско девојче“ на Каролина Гочева се најде во данска реклама за најпознатите колачиња на светот „Орео“. Песната е авторско дело на Златко Ориѓански, а е во изведба на Бјонко чалгија. Во неколкуте реклами снимени за овие колачиња, главните улоги ги толкуваат познатите дански комичари Николај Стокхолм и Рубен Сотолф, а како звучи песната на Каролина и Ориѓански како дел од рекламите можете да слушнете во продолжение.

Како што е познато, по шесте распродадени концерти во Скопје, Каролина продолжува со концертната промоција на проектот „Македонско девојче 2“, па во петок (27 јуни) ќе одржи самостоен концерт во „Касапски круг“ во Куманово, а влезниците се веќе пуштени во продажба низ цело Куманово. По повој концерт следат и веќе одамна закажаните концерти во античките театри во Битола и Охрид кои ќе се одржат на 24,25 и 26 јули.

 

 



Врати се горе ↑