Балкан happyolmcweasel1

24 март, 2014

Песна од словенечката група Хепи Ол’МекВизл во американската ТВ серија „The Crazy Ones“

Песната „Danny Boy“ од словенечката група Хепи Ол’МекВизл (Happy Ol’McWeasel) се најде во актуелната епизода од американската ТВ серија „The Crazy Ones“ во која главните улоги ги играат добро познатите актери Робин Вилијамс, Сара Мишел Гелар и Џејмс Волк. Овој селтик панк-рок состав, чија кариера успешно трае веќе долги години и кој не е многу познат на пошироката јавност на Балканот, беше забележан од продуцентите на успешната серија на чело со творецот Дејвид Е. Кели, кои изразија желба токму песната „Danny Boy“ да се најде во актуелната епизода насловена „March Madness“, која е посветена на прославата на Св. Патрик.

„Катарина Час мораше да влезе во Холивуд за да го покаже своето тело, за среќа тоа не беше неопходно за нас“ – шеговито коментираат членовите на групата алудирајќи на својата сонародничка која играше улога во актуелниот филмски хит „Волкот од Волстрит“.

Покрај овој голем успех, групата од Марибор е концентрирана на претстојната европска турнеја во чии рамки ќе настапи во Германија, Франција, Холандија, Италија и Словенија, како и на новиоѕ студиски албум кој ќе биде претставен на есен. Песната „Danny Boy“ во целост можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа погледнете како звучеше тоа во самата епизода од оваа популарна ТВ серија.

Линкови за веб и фан страницата на групата:

www.happyolmcweasel.com

www.facebook.com/happyolmcweasel


		
				
		 
	

Врати се горе ↑