Балкан

8 април, 2019

Песна на Тоше одекна во „Пинковите ѕвездички“

Песните на Тоше се пеат со генерации ширум целиот Балкан, а доказ за тоа е се и бројните изведби на неговите хитови во рамките на повеќе музички натпревари, како што е и „Пинковите ѕвездички“.

Во најновата епизода од оваа емисија можевме да ја слушнеме и емотивната балада „Још увек сањам да смо заједно“, која беше објавена непосредно по неговата смрт, овој пат во изведба на младата Теодора Марковиќ. 

15-годишната пејачка од српскиот град Власотинце ги воодушеви и жирито и публиката, а како изгледаше и звучеше сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑