Балкан

3 декември, 2018

Песна на Балашевиќ тргната од Јутјуб, обвинет е за кражба на авторски права

Песната „Човек са месецом у очима“ на Ѓорѓе Балашевиќ е тргната од Јутјуб, откако извесен Емил Скендеровиќ го пријавил за кражба на авторски права. По пријавата, песната на Балашевиќ од 1993 година ќе биде блокирана одредено време.

„Доколку посакавте да ја слушнете песната ’Човек са месецот у очима’ на Јутјуб, за жал нема да можете. Јутјуб привремено ја отстрани, бидејќи извесен Емил Скендеровиќ смета дека тој ги има правата на неа…“, напишала Беба, ќерката на Балашевиќ на Фејсбук.

Таа напишала и дека се сеќава кога и каде нејзиниот татко ја пишувал оваа песна. „Но, никако не се сеќавам дека некој си Емил Скендеровиќ беше во близина. Речиси сум сигурна дека тој лик нема апсолутно никаква врска со оваа песна. Ниту со ниедна друга, кога сме веќе кај тоа. Верувам дека Емил само би сакал ова да е негова песна која Ѓоле му ја ’украл’, па затоа тоа го направил. Емил, каде и да си. Немој. Грдо е“, напиша Јелена Балашевиќ на својот Фејсбук профил.



Врати се горе ↑