21 ноември, 2016

Перо Пандилоски тагува по својата „Неверна“

Перо Пандилоски ја претстави својата најнова песна и видео запис чиј наслов гласи „Неверна“. Автори на овој нов сингл на талентираниот гостиварец се колегите Александар Тарабунов (музика), Милан Миланов (текст) и Роберт Билбилов (аранжман), а за екранизацијата снимена на повеќе локации во Гостивар, Охрид и Скопје, каде што главната улога ја има Магдалена Гаревска, се погрижи Даниел Јовески.

Станува збор за интересна балада, во која со засилувањето на емоциите се забрзува и самото темпо на песната. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

pero-neverna



Врати се горе ↑