Македонија

15 јуни, 2018

Перо Пандилоски ќе ја открие својата „Летна тајна“

Откако ја претстави својата „Девојка за секое време“, гостиваскиот пејач Перо Пандилоски наскоро ќе ни ја открие и својата „Летна тајна“. Станува збор за авторско дело на Драган Матески, кој се потпишува на стиховите, а музиката му е заедничка со Бојан Илијески, додека видеото го реализираше продукцијата „Прокам“.

Letna Tajna coming soon….

Gepostet von PERO PANDILOSKI am Dienstag, 12. Juni 2018

 

„’Летна тајна’ е песна со брз, динамичен ритам и верувам дека ќе биде слушан летен хит. За текстот можам да кажам дека Драган го напиша познавајќи дел од моите летни тајни, што го инспирираше сето тоа да го превори во песна“, изјави Пандилоски за „Гостивар прес“.

#letnatajna naskoro ke ja otkrieme 😊Loading……

Gepostet von PERO PANDILOSKI am Dienstag, 12. Juni 2018

 

Песната е снимена во студиото „Клиника“ на Ивица Брчиоски (Ареа), а видеото во хотелот „Радика“ во Маврово. Главната улога ја доби манекенката Симона Станковска, а каква беше атмосферата за време на снимањето можете да погледнете во следното видео на влогерот Стефан Димитриески. Уживајте!



Врати се горе ↑