Аудио pero-pandiloski

27 март, 2013

Перо Пандилоски има „Срце што вене“

На почетокот на годинава Перо Пандилоски најави дека подготвува нова песна. Тој се одлучи по втор пат да ги освојува женските срца со моќна балада во изработка на Даниел Јовески (музика и аранжман) и Миодраг Врчаковски (текст).

Ова е веќе петти сингл на младиот пејач па во блиска иднина се очекува да го издаде и својот прв албум, а за новоиздадената песна не се исклучува можноста да биде снимен видео запис. Песната насловена „Срце што вене“ е веќе пуштена во радио-етерот, а можете да ја преслушате и во продолжение.

 



Врати се горе ↑