Видео

28 февруари, 2019

Перо Пандилоски има нова „Драма“

„Ти сакаш сама да бидеш сама, а ноќта пак те убива, сега си сама во нова драма, за мене ноќва во солзи заспиваш“, пее Перо Пандилоски во својата нова песна насловена „Драма“, која стигна во комплет со видео. Станува збор за авторско дело на композиторот и аранжер Адис Исмаили, со стихови од Магдалена Цветкоска – Ена, а за екранизацијата се погрижи продукцијата „Прокам“.

Талентираниот гостиварец, кој минатата година ни ја откри и својата „Летна тајна“, овој пат можеме да го слушнеме во малку поинакво издание, кое веќе доби позитивни критики од публиката. Иако изминативе години објавуваше само по една песна годишно, се чини дека наскоро ќе има доволно материјал и за цел албум, па се надеваме дека конечно ќе го имаме и неговото првенче. Како звучи и изгледа неговата нова „Драма“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑