5 ноември, 2017

Перо Пандилоски има „Девојка за секое време“

После речиси една година од последниот сингл „Неверна“, Перо Пандилоски деновиве го претстави видеото за својата најнова песна насловена „Девојка за секое време“. Зад оваа 10. песна во досегашната кариера на Пандилоски застана Јован Василески, кој се потпишува на музиката и стиховите, додека аранжманот го направи Гоце Симоноски, а сето тоа е снимено во студиото на Лазар Цветкоски.

За екранизацијата на новата песна, пак, се погрижи екипата на „Прокем продакшн“ (PROCAM Production), а снимањето се одвиваше на повеќе локации во Охрид, Св. Наум и Маврово. Покрај Перо, во видеото се појавува и манекенката Ангелина Китановска, а како изгледа и звучи неговата „Девојка за секое време“ можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑