27 ноември, 2014

Перо Пандилоски е „Соло“

По „Срце што вене“, талентираниот пејач Перо Пандилоски деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Соло“, чиј автор на музиката и текстот е Јован Василевски, а за аранжманот се погрижи Гоце Симоноски. Новиот сингл пристигна заедно со видео запис во реализација на Даниел Јовески, а покрај Перо, главната улога ја има Моника Атанасова.

Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑