Концерт 1656038_558689967561664_646720564_n

27 март, 2014

„Перо дефформеро“ со концертна промоција на новиот албум во „Хавана“

Пародичниот турбо-фолк-метал бенд „Перо дефформеро“, по одличниот прв концерт во клубот „Хавана“, повторно се враќаат на местото на злосторството. Овој пат со концертна промоција на новиот албумoт „ЈеР то личи на тај начин?“. Скопската публика повторно ќе има можност да го искуси неспоивото, споено на така мајсторски начин. Самото тоа што овој настан претставува и концертна промоција на долгоочекуваниот албум на „Перо дефформеро“ е само дополнителна причина за присуство.

Публиката за прв пат ќе има можност да ги слушне песните од најновиот албум на „Перо дефформеро“ изведени во живо, како и добро познатите нумери од веќе легендарниот албум „Undergrand“. Настанот е предвиден за 11 април (петок) во клубот „Хавана“, со почеток во 21.30 часот.

Карти во претпродажба од 30 март во „Љубов“ и „Кастм паб“ по промотивна цена од 200 мкд.

 

 



Врати се горе ↑