Концерт 1173802_10151865294759973_1193807041_n

22 август, 2013

Перо Дефформеро повторно во Хавана

Клубот Хавана Ви најавува супер забава на 27-ми август со почеток во 22 часот. Станува збор за концертен настап на бендот Перо Дефформеро кој е формиран во 1993 година од страна на гитаристот Саша Фриш со првична идеја за комбинирање на хеви метал/ прогресив метал. Понатаму бендот се развива и со нов правец, односно со додаток на турбо фолк. Скопската публика имаше можност да го запознае бендот во април годинава, на истото место – клубот Хавана.

Бендот во моментов интензивно работи на новиот албум насловен „Новокомпоновани Сенти-Метал“, кој ќе биде објавен до крајот на годинава и ќе ги наследи „Перо Дефформеро“ од 1995-та и „UNDERGRAND“ од 2009 година. Членовите во бендот кои на овој концертен настап ќе имаме можност да ги чуеме се: вокал: Горан Бишевац – Бишке, гитара: Саша Фриш, тапани: Слободан Станојевиќ и бас гитара: Ненад Ковачевиќ.

Домашна подршка на настанот е Фјурион, а картите во претпродажба можат да се најдат од 15-ти август во Љубов и Custom Pub по цена од 200 денари.



Врати се горе ↑