Концерт beyonce-i-pepsi

22 февруари, 2013

Пепси те носи на концерт на Бијонсе

На 18-ти февруари започна наградната игра на Пепси, каде сите обожаватели на овој бренд и фанови на Бијонсе ќе добијат можност да се натпреваруваат за една од 100те вредни награди и секако за 20те влезници за концертот на Бијонсе. Наградната игра ќе трае се до 31-ви март. Критериумите за учество се едноставни, потребно е само да бидете фанови на Pepsi Македонија фан страната на фејсбук и да ги следите правилата на игра. Исто така, 10-те најактивни учесници во наградната игра по автоматизам ќе одат на концерт.

„Сакаме да ги изненадиме нашите потрошувачи и да им понудиме едно незаборавно искуство кое е микс од вкусен пијалак и  одлична забава. Брендот Пепси е вистински избор за голем број наши потрошувачи, кои се воедно и фанови на познатата музичка ѕвезда Бијонсе и затоа одлучивме да ги изненадиме преку оваа наградна игра“ – изјави Александар Чатлески, бренд менаџер на брендот Пепси од Прилепска пиварница.  

Светската турнеја на Бијонсе насловена како „The Mrs. Carter Show World Tour“, започнува на 15-ти април со концертот во Белград. Се очекува Белград да биде почеток на едно спектакуларно музичко и визуелно доживување. Среќните добитници на една од 20те влезници, ќе ја имаат таа привилегија да бидат првите кои ќе го видат овој спектакл кој потоа продолжува да се одржува во останатите земји во Европа и светот. Пепси секогаш ги изненадува своите фанови и овој пат им нуди едно незаборавно доживување да бидат едни од првите сведоци на ова музичко шоу.

Освен 20те влезници за концертот на Бијонсе, останатите вредни награди се Sony видео MP3 плеери, брендирани маици со ликот на Бијонсе. Сите обожаватели на Пепси и Бијонсе може да учествуваат во оваа наградна игра неограничен број пати.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 3ти април, а среќните добитници ќе бидат објавени на 4т-и април на www.prilepskapivarnica.com.mk, www.pepsi.com.mkwww.facebook.com/PepsiMakedonija



Врати се горе ↑