10 јуни, 2014

Пеперминт, Петко и Цветко со песна за „Автобусот“

Групата Пеперминт заедно со познатата емисија за деца 5+ направија нова песна со насловАвтобус“, која соби соодветен играно-анимиран видео запис во кој учествуваат и голем број дечиња, а е сниман на неколку локации. Самата песничка е во вид на приказна која ги учи најмалите како треба да се однесуваат во средствата за јавен превоз, и воопшто кои се нормите на убавото однесување. Меѓу другото ја поттикнува и свеста за сплотувањето на заедницата и меѓусебното помагање.

Текстот и музиката се на Пеперминт, за режијата се погрижи Илија Тирицовски, директор на фотографија е Александар Котевски, монтажата ја направи Шенол Мехмед, анимацијата е дело на Симон Стојановски, а илустрациите на Тхе Мичо. Како изгледа и звучи сето тоа во продукција на „ОХО“, можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑