31 мај, 2018

„Пеперминт“ одамна го чекаат „Понеделник“

„Понеделник, е одамна го чекам понеделник! Е денес да беше понеделник“, пеат „Пеперминт“ во својот нов сингл насловен едноставно „Понеделник“, кој доаѓа после цела година од анимираниот „Не си со сите“. Станува збор за уште еден потенцијален хит во веќе препознатливиот стил на бендот, а сето тоа стигна во комплет со видео, во кое членовите пеат возејќи се со велосипеди низ улици.

„Спотот го снимавме со мала но одбрана екипа и, како и секогаш, со многу љубов. Директор на фотографија е Душко Аврамовски, велосипедите си се наши и ни се омилено превозно средство“, велат од „Пеперминт“.

Се надеваме дека овој пат нема уште една година да чекаме на следното музичко парче од „Пеперминт“, а како изгледа и звучи нивниот „Понеделник“, дознајте горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑