29 март, 2017

„Пеперминт“ ќе ти кажат дали „Не си со сите“

„Пред некој ден те видов како носиш жолта хулахопка … на глава! Една вечер ја те видов праиш муабет пред зграда… со мачка!“, пеат „Пеперминт“ во својот нов сингл насловен „Не си со сите“, кој деновиве беше претставен заедно со интересен видео запис.

Спотот е дело на режисерот Дејв Џонс, кој делата на еден куп дечиња ги стави во оваа уникатна и блиска до „Пеперминт“ анимација. Тој успеа да прикаже еден свој симпатичен свет кој сосема соодветсвува со „Пеперминт“, а како изгледа и звучи кога „Не си со сите“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑