14 ноември, 2014

„Пеперминт“ го објавија видео записот за „Другарка ти од маало“

По летниот хит „Црвено, жолто, зелено, панк-рок составот „Пеперминт“ неодамна претстави уште една песна од новиот албум кој е веќе во подготовка. Станува збор за песната „Другарка ти од маало“, која веќе на големо се врти во македонскиот радиски етер, а деновиве доби и интересна екранизација во барок стил. Видео записот го сними Кристијан Теодоров, во продукција на Александар Пауновски, а со помош на продукцијата „Сторителер“. Како изгледа сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑