Македонија pepa 1

1 јуни, 2015

Пепа Димитрова со ревијален настап на „Макфест 2015“

Додека траат последните подготовки за јубилејниот „Макфест“, учесниците и нивните тимови се под позитивен притисок, растрчани со многу обврски и слатки маки. Пепа Димитрова е цел живот поврзана со музиката. Со песна го започнува и завршува секој ден. Од малечка има талент и желба за музика, но животот ќе ја одведе во друг правец и не ќе може да се бави професионално со музика. Но никој пат не е доцна, а доказ за тоа е и нејзиниот идол – АДЕЛ.

Оваа година, по настапот на минатогодишниот „Охрид фест“, Пепа Димитрова, која инаку е родум од Штип, на 3 јуни ќе настапи во ревијалниот дел, за време на гласањето на првата полуфинална вечер на „Макфест 2015“. Таа ќе изведе 7 нејзини песни, а ќе биде прридружувана од 8 танчери на сцената. Пет композиции се веќе познати на јавноста, а нови две ќе бидат промовирани во 30 минутниот настап. Иако е ново име во македонската музика, полека но сигуно докажува дека местото ѝ е токму на сцената.

„Имам малку трема, ’Макфест’ е еден од најпрестижните фестивали во Македонија, а тремата е уште поголема бидејќи ќе настапам во мојот роден град Штип. Но, веќе подолго време со мојот кореограф, Тања Бах, се подготвуваме за настапот и мислам дека сме доволно подготвени, па останува публиката да го каже своето“, изјави Пепа.

Како изгледаше нејзиниот настап на минатогодишниот „Охрид фест“ можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑