Македонија 9

20 август, 2015

Пепа Димитрова со прв видео запис‏

Дамата за која се крена голема прашина по повод нејзиниот настап на „Макфест 2015, Пепа Димитрова полека но сигурно сака да докаже дека нема да биде само блиц во македонската музичка сцена. Овие денови таа најавува прв видео запис за песната „Плачеш со мене“,  каде како композитор се јавува Григор Копров.

Видеото се снимаше неколку дена  на повеќе  локации во  Охрид  и Скопје.  Веќе докажаната продукција „Мунлајт“ (Moonlight) беше  задолжена за видео приказната, во која покрај убавината на Охрид, има и многу интересни моменти, меѓу кои се издвојува летањето со балон.

Во продолжение погледнете како се одвиваше снимањето, а за неколку дена и официјалната промоција на видеото на Пепа Димитрова. Воедно, само како потврда дека Пепа е многу сериозна во намерата  да остави печат на македонската музичка сцена, е и најавата за нејзино учество на овогодинешниот „Охрид фест 2015“.

 



Врати се горе ↑