Видео

9 октомври, 2018

Пепа Димитрова го имаше најдобриот сценски настап на „Макфест 2018“

Наградата за најдобар сценски настап на неодамна одржаното 33. издание на „Макфест“ годинава отиде во рацете на Пепа Димитрова, која на популарниот фестивал се натпреваруваше со баладата „Доцна е“ од авторите Григор Копров (музика), Саша Николиќ (аранжман) и Огнен Неделковски (текст). Пејачката на макфестовската сцена ја придружуваа танчерите од студиото „Брејк-а-лег“, кои танцуваа по кореографија на Андријана Јаневска, а за организацијата се погрижи Трајче Петковски.

Најдобар сценски настап на Макфест 2018 Благодарам на сите за поддршката, а најголема благодарност на танчерите од…

Gepostet von Пепа Димитрова am Sonntag, 7. Oktober 2018

 

Оваа макфестовска балада сега си доби и текстуално видео со фотографии од самиот настап на фестивалот, за кои се погрижи Кристијан Теодоров, а видеото го изработи продукцијата „Енигма“. Како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑