Аудио kellypeoplelikeus

27 февруари, 2013

„People Like Us“ е новиот сингл на Кели Кларксон

Во ноември минатата година, Кели Кларксон го претстави изданието „Greatest Hits: Chapter One“ со 15 најуспешни песни од досегашната кариера. Тоа е и нејзин прв компилациски албум со најголемите хитови за триесетгодишната пејачка, а покрај познатите хитови се најдоа и две сосема нови нумери. Веќе имавте можност да ја чуете песната „Catch My Breath“, која стигна заедно со видео запис, а сега пејачката ја претставува и новата песна од ова издание. Станува збор за „People Like Us“, чија продукција ја потпишува Грег Крстин и која можете да ја слушнете во продолжение.

 

Извор: Popscrush/MTV



Врати се горе ↑