11 јули, 2017

„Пендолира“ е новиот летен хит на „Баклава“

„Пендолира“ е насловот на новиот сингл и видео на групата „Баклава“, сместена на нивниот четврт албум. Станува збор за песна во рамките на широкиот музички правец „светска музика“ (world music), кај што се преплетуваат инструменти, стилови, како во случајов од реге до текст напишан на стар дијалект на струмичките бежанци, на кои е и посветен.

Видеото го потпишуваат Сибо и Елена Баклава, а директор на фотографија е Џем Барисџан. Симпатичното секојдневие на турските плажи, со најразлични прекрасни луѓе (и понекоја животинка), можете да го проследите во овој весел и шарен спот, исполнет со љубов и златната боја на Сонцето.

Автор на музиката е Елена Христова, а текстот на Дејан Сибиновски. Покрај стандардната екипа (Елена Баклава – вокал, Дејан Теодосиевски – виолончело, Гого Клинчаров – тамбура), новитет во звукот е продукцијата од Валентино Скендеровски, во чие студио се снимаше и самата песна.



Врати се горе ↑