Македонија 1794751_10203177733784914_8754078233425654346_n

10 април, 2014

Пејачот Перо Пандилоски се покажа како одличен професор

Пејачот Перо Пандилоски ја промовираше новата веб страна на средното економско училиште во Гостивар. Новата веб страница ги содржи најпотребните информации од училиштето и претставува централен дневник за информирање и едуцирање. Имено, пејачот Перо Пандилоски со почетокот на учебната 2013/2014 година работи како професор по информатика и е главен и одговорен компјутерски и веб администратор во училиштето.

Перфектниот дизајн и едноставното мени го прават сајтот лесен за употреба, а Перо го направил согласно материјалот кој се учи во учебната програма. Овој проект е направен со цел училиштето во коешто работи Пандилоски да учествува на државен натпревар поддржан од МАССУМ организацијатa. На МАССУМ има натпревари од многу области вклучувајќи го и наптреварот за најдобар веб сајт изработен од ученици од средни школи под менторство на професор.

Исто така може да се каже дека на веб сајтот на СЕОУ – Гостивар е запазен и мултиетникумот бидејќи сајтот е преведен на 3 јазици: македонски, албански и турски. Сите што сакаат да го посетат сајтот треба да одат на следниот линк: www.seougostivar.mk



Врати се горе ↑