Свет fabfan

11 декември, 2012

Пејачот од Малта не ја украл песната од Тоше

Откако порталот Скандал ја објави веста за кражбата на познатиот хит од Тоше Проески „The Hardest Thing“ од страна на познат пејач од Малта, Фабрицио Фаниело, кој два пати ја има претставувано неговата земја на Евровизија, упатени се бројни негативни коментари на негова сметка.

Пејачот се фалел дека песната за него ја напишал познатиот британски пејач Гери Барлоу од бендот Тејк Дет, дури и снимил спот кој го промовирал на националната телевизија во Малта. Негативните коментари на неговата официјална фесјбук страница https://www.facebook.com/fabriziofanielloofficial ги бришел, додава Скандал.

Но, пејачот вчера на неговата страница го објави следното:

„Изгледа дека има многу луѓе на кои не им се допаѓа тоа што ја снимивме „The Hardest Thing“ од Тоше Проески и мислат дека е украдена од него… Па, треба да знаете дека ние уредно побаравме од издавачите и авторите на песната да направиме нова верзија и ним тоа им се допадна многу. Оваа песна беше оригинално снимена од Тоше, а напишана од Вејн Хектор, Елиот Кенеди и Гери Барлоу, а издадена од Сони/АТВ Паблишинг, и ќе остане засекогаш во вашите и нашите мисли! Но откако постои музиката, нормално е други пејачи да снимат иста песна, најдобар пример за тоа е „Yesterday“ од Битлси, оваа песна е снимена од други артисти повеќе од 3000 пати! Тоа е чест за артистот и авторите на песната. Затоа погледнете на ова вака! „The Hardest Thing“ и Тоше не се “оштетени“ кога други ја изведуваат оваа песна, тоа е чест и тие продолжуваат да живеат засекогаш во нашите срца! Грешиме? Дискутирајте, но Ве молам однесувајте се добро и покажете почит! Фабрицио ххх“

 



Врати се горе ↑