Македонија sanja_gjosevska_verena

30 мај, 2014

Пејачката Сања Ѓошевска се вери

Пејачката Сања Ѓошевска, денес, на социјалните мрежи обелодени дека повеќе не е слободна девојка. Пред неколку денови нејзиното момче Раул Павел кој потекнува од Романија ја побара за своја сопруга. Имено, Сања имавме можност да ја запознаеме преку нејзините хитови „Дежа Ву“, „Вртам нов лист“, „Thousand Miles Away“, исто така таа е активна на естрадата пишуваќи текстови за многу познати пејачи од Македонија и регионот.

Сања, моментално работи и е дел од тимот на „Визз Ер“-Македонија, ние искрено веруваме дека наскоро ќе не почести со нов хит. Тимот на РадиоМК им посакува многу успеси и љубов во понатамошниот живот.

 

 



Врати се горе ↑