Настани 10847585_391144751044955_6405553922467317763_o

30 декември, 2014

Пејачите подготвени за дочекот на Новата година на плоштадот Пела

Сите изведувачи се подготвени за најлудата ноќ на плоштадот Пела под покровителство на Град Скопје, спонзорирано од Македонски Телеком и Т-Мобиле, а во организација на Универзална Сала. Знаат што ќе носат, кои песни ќе ги пеат и како ќе изгледаат пред публиката. Сите оние кои ќе дојдат на плоштадот Пела ќе ја дочекаат Новата година заедно со Елена Ристеска – Ивановска, Даниел Кајмакоски, Наум Петрески, Дани, Сузана Спасовска, Маја Грозданоска- Панчева, „Куку леле“, Есма Реџепова- Теодосиевска, „Саунд месинџерс“, Мустафа Имери.

Елена Ристеска – Ивановска измината година ќе ја памети по убави работи, но најмногу по раѓањето на нејзината внука Деспина. За Дочекот на Новата 2015 на плоштадот Пела ќе каже: „Бидете таму и уверете се во топлата атмосфера со квалитетна македонска музика, голем огномет и многу убавини со кои ќе дочекаме 2015, а испратиме 2014.“

„Иако температурите ќе бидат под нулата се надевам дека добро ќе се загрееме и стоплиме со добра македонска музика и ќе наздравиме со топло вино. Сепак во виното е вистината“, изјави Сузана Спасовска на само еден ден пред големиот спектакл.

Даниел Кајмакоски во негов стил изјави дека ќе настапува со неколку негови песни кои го одбележале овој период додека е на сцена и им се заблагодарува на сите кои го подржуваат во оваа феноменална година за него: „Би сакал следната да биде барем приближно успешна како 2014“.

„Саунд месинџерс“, односно Ерик Фокс и Симона Попоска најауваат забава на високо ниво заедно со нивните и странски хитови кои ќе ги изведуваат и не се сомневаат дека ќе придонесат за што потопла атмосфера за сите присутни.

„’Жал за Деспина’, ’Лазарополе’, ’Лична Јовано’, ’Лено Лено Ленке’ и уште неколку хитови е музиката која ќе ги весели и загрее сите пристутни на плоштадот Пела на 31 декември“, беше дециден Наум Петрески.

Уверени во нејзината енергија на сцена и хитови на Дани, таа во нејзин стил ни изјави: „Моите настапи се добро познати за кои не треба посебна најава.“

Маја Гроздановска- Панчева пак очекува добра забава со сите оние кои ќе настапуваат и нивните хитови кои ќе ги пеат и верува дека ќе биде убава вечер и убаво ќе ја испратиме старата 2014 година.

Есма, „Куку леле“ и Мустафа Имери се надеваат на што помасовна посетеност за сите заедно да ѝ се радуваме на Новата 2015 и ја дочекаме на најубав можен начин единствено на плоштадот Пела.

Водители на манифестацијата ќе бидат Сашко Коцев и Маријана Станојковска. Програмата започнува од 21 часот, со директен пренос на Македонската Радио Телевизија.

Град Скопје Ве поканува да бидете дел од дочекот на плоштадот Пела и да дојдете за сите заедно да испратиме старата 2014 и дочекаме новата 2015 со убави и весели моменти.



Врати се горе ↑