Македонија

10 декември, 2017

Пејачите ја снимија божиќната песна

Поп-пејачите од домашната сцена се собраа на едно место, во студио, каде ја снимија божиќната песна. Елена Ристеска, Тамара, Даниел Кајмакоски, близнаците Мартин и Стефан, Викторија Лоба, Лозано, Димитар Андоновски се само дел од екипата која пред новогодишните празници реши да ја раскаже приказната за Божиќ. За ова тие се пофалија и на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од снимањето.

24891857_10156366763448488_1734923086_n

Речиси секој од нив и претходно учествувал во празничен проект, како што е Вечниот Бог, кој пред две години го снимија Тамара, Елена, Димитар и Стефан од „Некст тајм“, а за овој период од годината тука се и дуетот на Тамара и Даниел, „За миг“ и новогодишната „Среќна Нова година“ на Елена… Имајќи предвид дека најпопуларните празнични песни се од англиското говорно подрачје, ваквите проекти на нашите музички ѕвезди се за поздрав и се одличен начин да празниците да се збогатат со македонска музика.

Извор и фотографии: Репортер



Врати се горе ↑