30 јануари, 2014

Пеѓа Пилот и Бенд пеат за „Генерацијата на Робинзон“

Српскиот состав Пеѓа Пилот и Бенд (Peđa Pilot & Band) предводен од Предраг Милошевиќ сними видео запис за насловната тема од албумот „Генерација Робинзона“, чија режија ја потпишува Владимир Петровиќ. За разлика од самиот албум, во овој видео запис учествува подмладената екипа музичари во која покрај Милошевиќ (автор, гитарист и идеен творец) членуваат и Иван Маниќ (вокал), Јана Секулиќ (гитара), Иван Павловиќ (тапани) и Никола Милошевиќ (бас гитара).

„Тоа сме ние, кои на мала врата влеговме во големиот свет. Тоа сме ние, црвите од шахтите и бетонот, тоа сме ние, на местото каде што две реки се спојуваат во една под Авала, уште една генерација на Робинзон.“ – порачуваат Пеѓа Пилот и Бенд во рефренот на песната.

На албумот „Генерација Робинзона“ кој го објавија во 2012 година се наоѓаат вкупно осум песни, а видео записот за насловната тема можете да го видите горе.



Врати се горе ↑