Свет maxresdefault

18 јануари, 2017

„Педесет нијанси сиво“ ќе стане мјузикл?

Со оглед на огромниот успех на „Ла ла ленд“, кој наскоро ќе добие и своја сценска адаптација, бројни филмови и книги сè почесто се пренесуваат на штиците што живот значат. Сепак, малкумина очекуваа дека во форма на мјузикл ќе го видат токму „Педесет нијанси сиво“.

Имено, како што пренесува британскиот таблоид „Сан“, изгледа дека веќе се работи на музичко-сценска адаптација на популарната еротска трилогија на британската авторка Ерика Мичел, позната како Е.Л. Џејмс. „Книгите и филмовите привлекоа огромно внимание, па продуцентите знаеја дека сценската адаптација ќе биде распродадена за неколку минути“, изјавил изворот за „Сан“, додавајќи дека управителите на театарот се веќе во преговори со авторката и дека иако може да поминат неколку години додека се реализира сето тоа, знаат дека ќе има огромен успех.

giphy

 

Првиот филм објавен во 2015 година не доби баш позитивни критики, но беше вистински хит во кино салите, заработувајќи над 571 милион долари ширум светот, а за популарноста придонесе и одличниот саундтрак со теми од изведувачи како што се Сиа, Ели Гоулдинг и Викенд, чиј хит „Earned It“ му донесе и номинација за Оскар.

Во февруари годинава ќе стигне и вториот дел насловен „50 нијанси помрачно“, а главната тема за овој филм е дуетот на Тејлор Свифт и Зејн Малик, „I Don’t Want To Live Forever“.

 



Врати се горе ↑