Аудио

10 мај, 2018

Пеце Суперхикс и Валентино ДеВаско пеат за „Развиена Европа“

Фронтменот на популарната „Суперхикс банда инструментале“, Петар Младеновски и неговиот перуански колега Валентино ДеВаско имаат нов хит. Станува збор за темата насловена „Развиена Европа“, која момците ја опишуваат како „химна на годината“.

„Ајде да разговараме за Развиена Европа! Петар Младеновски (од Суперхикс) и јас сме горди што ја претставивме оваа химна на годината. Реалноста на македонската ситуација и животот во Перу не се толку различни, зошто е тоа?“, прашува Перуанецот, кого македонската публика го запозна со соработката со Марко Логаут и со неговата „Alma Gitana“, која ја напиша и сними во Македонија.

„Хикси“ пак, кои минатата година ја заокружија со одличен концерт во арената „Борис Трајковски“, од денеска ја започнуваат својата мини-турнеја со настап во Љубљана, Словенија, а в сабота ќе настапат во чешката престолина Прага. Групата е актуелна и со неодамна објавеното видео за соработката со Канџија и Токсара за темата „Шабан Шаолин“, која се најде на последниот албум „Underground Evergreens“, а искористена е и во новиот филм на Владимир Блажевски, „Година на мајмунот“.

Како звучи најновото од Валентино и Пеце Суперхикс слушнете во продолжение. Уживајте!

Razviena Evropa

Ајде да разговараме за Развиена Европа! Petar Mladenovski (од Суперхикс) и јас сме горди што ја претставивме оваа химна на годината. Реалноста на македонската ситуација и животот во Перу не се толку различни, зошто е тоа?

Gepostet von Valentino DeVasco am Montag, 30. April 2018



Врати се горе ↑