19 ноември, 2015

„Партибрејкерси“ го објавија албумот „Сиротињско царство“ и спот за истоимената песна

Најавен со синглот „Ситна лова“, новиот албум на „Партибрејкерси“ е проследен и со видео запис за насловната тема. Пет години по албумот во живо „Крш и лом“ и осум години од објавувањето на студиското издание „Слобода или ништа“, рок иконите „Партибрејкерс“ под етикетата на издавачаката куќа „Одличан хрчак“ го објави своето „Сиротињско царство“.

„Во овие години, и после толку време поминато штракајќи се по Балканот, добро е што сè уште имаме што да кажеме, а штотуку кажавме сè на овој албум“, изјави Зоран Костиќ Цане пред повеќе од година дена, но тогаш сепак остана недоречен, бидејќи публиката дури сега ќе има можност да слушне што сè изнарекле „Партибрејкерси“ на новиот албум.

„Сиротињско царство“ е достапен на „Дизер“ и сите релевантни дигитални сервиси, како и на цеде коешто е достапно во сите подобро снабдени продавници на плочи и цедеа. Групата одлучи и претходните изданија да ги објави во дигитална верзија, така што остварувањата „Партибрејкерс“, „Партибрејкерс II“, „Партибрејкерс III“, „Ледено доба“, „Грамзивост и похлепа“, „Кисело и слатко“ и „Крш и лом“, исто така се достапни на „Дизер“.

Штотуку објавеното издание „Сиротињско царство“ наскоро ќе биде достапно и на винил!

„Sirotinjsko carstvo“ (Odličan hrčak, 2015)
1. Vrtim se
2. Da li put znaš?
3. Sitna lova
4. Ne mogu da kapiram
5. Svakoga dana
6. Sirotinjsko carstvo
7. Krš i lom
8. Paranoje
9. Šta radiš?
10. I to malo
11. Ljubav ne zaboravlja


Врати се горе ↑