Балкан 536895_10151645740861579_1542930638_n

24 јуни, 2013

„Парни ваљак“: „Не се предаваме!“

Хрватскиот рок состав „Парни ваљак“ неодамна го претстави својот нов албум насловен „Нема предаје“, кој во периодов го промовира во земјите од регионот. Ова е осумнаесетти студиски албум за легендарниот загребски бенд основан во 1975 година, а втор по неговото реформирање во 2009 година. Последното студиско издание насловено „Стварно нестварно“ го претставија во 2011 година, а покрај студиските имаат и 5 компилациски изданија, како и 5 албуми во живо.

На неодамнешната промоција во Србија, познатиот вокал на групата Аки Рахимовски изјавил дека овој албум е снимен за луѓето кои сакале да купуваат дискови и да читаат текстови кога не постеле Јутјуб и големата конкуренција: „Самиот наслов на албумот вели дека надежта за подобро време не смее да умре, не смеат да владеат неквалитетните луѓе и неквалитетната музика, а тоа зависи само од нас.“

Првиот сингл од ова издание, песната „Само да знаш“ го освои врвот на хрватските топ листи, каде што остана 6 недели со ред. Во продолжение погледнете го видео записот за оваа тема, како и насловната нумера од  новото издание на бендот кој „не се предава“!



Врати се горе ↑