Балкан

18 октомври, 2018

„Парни ваљак“ најавија нов албум со „Откуд ти право“

И покрај турбулентниот период со кусото отсуство на својот лидер и вокалист Аки Рахимовски, кој пролетва преживеа поблаг мозочен удар, популарниот хрватски бенд „Парни ваљак“ продолжува со работа со полна пареа, подготвувајќи нов материјал, а денеска стигна и првиот најавен сингл за претстојното издание. Станува збор за темата насловена „Откуд ти право“, чиј комплетен автор е Хусеин Хасанефендиќ Хус, а сето тоа визуелно го дополни режисерот Далибор Бариќ.

🎧 Premijera! 📺 Naša nova pjesma i najavni singl nadolazećeg albuma! 💿 #otkudtipravo

Gepostet von Parni Valjak am Donnerstag, 18. Oktober 2018

 

Групата во меѓувреме е зафатена и со настапи ширум регионот и низ Европа, па се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да ја слушнеме и кај нас. Дотогаш уживајте со најновото од легендарните музичари – одличната „Откуд ти право“!



Врати се горе ↑