Концерт pv

8 април, 2015

„Парни ваљак“ на 16 мај во Скопје

Легендарниот хрватски бенд „Парни ваљак“ на 16 мај доаѓа во Скопје. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде местото од каде што една од најголемите поп-рок групи од поранешна Југославија ќе ја потсети публиката на хитовите што ги пееја многу генерации: „Све још мирише на њу“, „Јесен у мени“, „Неда“, „Заставе“, „Моја је пјесма лагана“, „Угаси ме“

Претстојниот концерт, кој го организира „Прагма продакшн“, е во рамките на роденденската турнеја по повод 40 години постоење на бендот и е најавен како реприза на спектакуларниот белградски концерт што се случи не еднаш, туку двапати по ред, а ќе биде донесена и најновата технологија на озвучување и осветлување.

Настанот е со почеток од 21 часот, а влезниците за концертот веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, по цена од 400, 500, 700 и 1.000 денари, додека ВИП-влезница чини 1.200 денари.

 



Врати се горе ↑