Македонија 24496_375616039301_3547895_n

17 декември, 2012

„Паркети“ се пензионираат

По повеќе од две децении на македонската сцена, најоригиналните, секогаш поинакви и уникатни панкери од групата „Паркети“, се повлекуваат од натамошните настапи, пишува „Плусинфо“. Познатите битолчани заминуваат во пензија со нивниот последен албум, најави фронтменот на групата, Сашо Паркет.

„Можно наскоро да го дадеме албумот за бесплатно симнување од интернет, а за брзо ќе промовираме еден андерграунд спот и тоа е тоа. Се повлекуваме од македонската поп сцена, а од настапи по фестивали и слични манифестации се пензионираме“ – вели Сашо.

Бендот „Паркети“ е формиран во 1991 година од страна на Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Тие бргу стануваат познати по нивните секогаш оригинални и енергични настапи, на кои имало сè, од кршење на картонски гитари, преку моторни пили, до соблекување. Да се биде Паркет стана начин и стил на живот. „Паркети“, барем за битолчани, ќе останат како урбани легенди, а веста за пензионирањето веќе разочара многумина. Според фан страницата на бендот, последниот албум за два дена ќе биде достапен за бесплатно симнување, а кога ќе биде објавен, ние ќе Ве упатиме на точната адреса каде што ќе можете да ги преземите новите песни.



Врати се горе ↑