Македонија Parketi1

14 јануари, 2013

Паркети сакаат да бидат предгрупа на Јелена Карлеуша

Неодамна битолскиот состав Паркети изјави дека се „пензионира“ од музичката сцена, но само во Македонија. По „крајот на светот“ го објавиja албумот насловен „Република Франкенштајн“, кој е нивно последно издание снимено на македонски јазик и воопшто објавено во Македонија, бидејќи како што велат самите членови, немаат сила да се борат против струјата на турбо фолк, поп и рап музика.

„Повеќе од 20 години се трудиме да излеземе од границите на нашата земја. Снимивме многу песни, неколку албуми, но овој е последен на македонски. Не можеме повеќе да се бориме против струјата која на турбо фолкот и ефтиниот поп и рап во Македонија“ – револтирано велат членовите на групата основана во 1991 година во Битола, која со својата изразена смисла за хумор, саркастични изведби и истапи во јавноста, во текот на годините ја стекнаа етикетата на контроверзен бенд.

Се надеваат дека публиката од регионот на поранешните југословенски земји ќе ги прифати, а изразија желба да настапат како предгрупа на Јелена Карлеуша: „Слушнавме дека ЈК подготвува голем спектакл на белградско Ушќе и оваа прилика ја користиме официјално да ја изразиме нашата желба да настапиме како предгрупа, а бидејќи дотичната ја сметаме за личност со отворен ум, мислиме дека желбата ќе ни се исполни“ – велат Паркети.

Инаку битолчаните ќе настапат во рамките на прославата на „Роденденот…“ на МКЦ, во петок 18-ти јануари, а потсетуваме дека последниот албум можете бесплатно да го симнете на оваа адреса.

Во продолжение погледнете го нивниот најнов видео запис за „Република Франкенштајн“.

 



Врати се горе ↑