Македонија 487197_10151186999409302_398737275_n

9 декември, 2012

Паркети ќе промовираат нов албум

Битолските рокери Паркети наголемо се подготвуваат за промоцијата на новиот албум, кој ќе излезе, како што велат, само доколку го преживееме крајот на светот, пишува Вечер. Претставувањето на албумот е закажано за 22-ри декември, еден ден по најавениот крај на светот според предвивидувањата на Маите, па доколку ни се посреќи и останеме живи, ќе имаме можност да го слушнеме новиот материјал кој момците долго време го крчкале.

„Албумот ќе го издадеме на интернет и ќе биде бесплатен за сите”- открил Сашо Паркет, кој смета дека ваквиот начин на промовирање на рок албум е единствена опција за рокерите кај нас. Овој албум ќе биде малку поинаков од сè што досега сме слушнале од овие момци. „Ние не припаѓаме на поп сцената, ние сме рокери во душа и тој стил сакаме да си го вратиме“ – рекол Сашо, додавајќи дека албумот што наскоро ќе излезе ги отсликува Паркети во вистинско светло. Бендот на музичката сцена постои уште од далечната 1991 година, беа познати во родната Битола, но пошироката публиката ги забележа по дуетот со Елена Ристеска за песната „Сакам да те галам“.

„Ние сме врсници со Македонија. Тогаш продуциравме рокенрол, но, за жал, како што земјава не може да влезе во Европската унија, така и нашата рок музика не може да се пробие на музичката сцена“ -рекол Сашо, кој жали што публиката ги памети само по тоа.

Во продолжение погледнете го видео записот за нумерата „Мислам“ која е постара, но неодамна доби нов аранжман.

 



Врати се горе ↑