Видео p-a

27 јули, 2015

„Паркети“ го претставија видео записот за својата „Авантура“

Заедничката „Авантура“ на битолскиот рок состав „Паркети“ и познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, неодамна доби и свое видео издание. За екранизацијата на оваа песна се погрижија самите „Паркети“, во соработка со нивните пријатели и помагатели – фото кино клуб „Битола“ и ВИА апартмани.

Главната улога во видео записот ја има Ана Трајчевска, инаку водителна во битолската телевизија „Орбис“, а се снимаше на најпознатата улица во Македонија – Широк сокак. Како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑