26 декември, 2013

Паркети го претставија „Себастијан“

По успешниот видео сингл „Ауто паркинг“, битолскиот состав Паркети повторно се огласија на југословенски јазик, а овој пат го претставуваат новиот видео запис за темата „Себастијан“, која е во диско панк стил: „Кратка брутална рокенрол енергија спакувана во привлечно издание кое зборува за некој лик по име Себастијан, чиј идентитет не е познат, но сите ги знаат неговите умотворби. Всушност, станува збор за алтер его на јунак од стриповите кој им помага на депресивните луѓе да не извршат самоубиство“ – со овие зборови фронтменот Сашо Паркет ја дефинираше песната и нејзината тематика.

Видео записот е снимен како дел од проектот на модната агенција Метрополис и колекцијата Le Brand  на дизајнерката Лили Кадинска. Како изгледа  и звучи „Себастијан“ можете да видите и слушнете горе.



Врати се горе ↑