6 јули, 2016

„Паркети“ ги преработија „Битлси“

Како и бројни други бендови, така и битолскиот состав „Паркети“ покрај авторските песни често знае да направи и по некоја преработка на познати хитови од други групи. Овој пат, екипата предводена од Сашо Паркет се реши за темата „I Should Have Known Better“ од легендарните „Битлси“, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Љубителите на музиката на „Паркети“ ќе можат да уживаат во нивниот настап во живо на годинешното издание на „Д фестивал“, кој ќе се одржи од 15 до 17 јули во Дојран.

13508972_741886509285102_3022087903213754343_n



Врати се горе ↑