9 октомври, 2013

Парис Хилтон се враќа со „Good Time“

По подолга пауза од музичката сцена, откако во 2006 година го објави албумот „Paris“ на кој се најде и синглот „Stars Are Blind“, познатата богата наследничка Парис Хилтон деновиве го објави својот повратнички сингл насловен „Good Time“. За да постигне поголема популарност, за новиот сингл на 31-годишната Хилтон ѝ помогнаа познатиот рапер Лил Вејн и холандскиот диџеј и продуцент Афроџек.

„Сакам да бидам во стиудио. Музиката отсекогаш ми била голема страст, така што објавувањето на сингл со Лил Вејн е голема чест за мене и возбудена сум што светот ќе може да го слушне тоа“ – изјавила Парис, чиј нов албум се очекува да излезе на почетокот на 2014 година.

Видео записот за „Good Time“ можете да го видите горе.



Врати се горе ↑