Свет paris-hilton-dj-lingerie-pop-music-festival-0625-26-1-940x500

3 јануари, 2014

Парис Хилтон: „Јас сум меѓу најдобрите 5 светски диџеи“

Богатата наследничка на хотелскиот ланец Хилтон, Парис Хилтон неодамна изјавила дека смета дека е „една од најдобрите 5 диџеи на светот“. 32-годишната старлета, која својот деби албум „Paris“ го објави во 2006 година, а во октомври минатата година го најави и нејзиниот нов албум со синглот „Good Time“, започнала да се занимава со диџејство во 2012 година со не баш успешниот сет на фестивалот Pop Music во бразилскиот град Сао Паоло (видео 1видео 2). Според изјавите на посетителите, Хилтон на своите настапи најмногу танцувала, а многу помалку се занимавала со миксање музика.

Но, тоа не ја обесхрабрило познатата русокоса која ја продолжила својата кариера како диџеј, настапувајќи во текот на летото како резидент диџеј во ноќниот клуб Амнезија на Ибица. Сега таа изјавила дека е една од најдобро платените диџеи, а во неодамнешното интервју за TMZ, на прашањето како ѝ се допаѓа финанскискиот дел од оваа професија, Парис одговорила: „Сето тоа едноставно го обожавам… Во моментов јас сум една од најдобрите 5 диџеи во светот“, додавајќи дека и претстојното лето од 2014 година повторно ќе настапува на Ибица, а се пофалила дека новата година ќе ја започне со настап во Лас Вегас.

Меѓутоа, листата која ја објави престижното списание Форбс не го поддржува нејзиното тврдење – според нивните податоци од август 2013 година, најплатениот диџеј на светот во моментов е Келвин Харис, кој заработил 30 милиони британски фунти, односно 46 милиони долари во изминатите 12 месеци, а потоа следат минатогодишниот шампион Тиесто, Дејвид Гета, Свидиш Хаус Мафиа и Дедмаус.

 

 



Врати се горе ↑