Аудио paramore-now

22 јануари, 2013

Парамор се враќаат со нов сингл „Сега“

Бендот Парамор вчера го претстави нивниот нов сингл насловен „Now“, кој го најавува нивниот нов албум кој ќе биде насловен исто како и групата – „Paramore“. Ова издание кое ќе го наследи албумот „Brand New Eyes“ објавен во 2009 година, ќе биде претставено на 9-ти април. Во 2010 година, браќата Џош и Зак Фаро го напуштија бендот, па тоа ја забави работата на новите материјали, но преостанатите членови на бендот ова издание го нарекуваат „најопуштениот албум на бендот до сега“, додека пејачката Хејли Вилијамс вели дека овој пат се забележуваат и влијанијата на електронската музика. Меѓутоа, судејќи по најавниот сингл, како што пишува магазинот Spin, се забележуваат и влијанијата на изведувачи како што се Ноу Даут. Како што самата Вилијамс изјавила на Твитер, за оваа песна се снима и видео запис кој ќе го режира Даниел Клауд Кампос. Во продолжение преслушајте ја „Now“.

 

 



Врати се горе ↑