Македонија 308339_10150359908823477_1061862416_n

10 март, 2015

Папаз ќе одржи концерт во Лондон

Познатиот виртуоз на саксофон и некогашен член на „Суперхикс“, Горан Папаз в сабота (14 март) ќе настапи во Лондон, каде што ќе се претстави со материјалот што наскоро ќе биде објавен на неговиот прв солистички албум, чиј автор и продуцент е нашиот добро познат композитор, Александар Масевски. Папаз во Лондон заминува по покана од Македонската асоцијација во Велика Британија, а концертот, кој е хуманитарен, ќе се одржи во хотелот „Новотел“ во западниот дел на Лондон.

„Многу сум возбуден, не поради тоа што првпат настапувам во Лондон, туку поради фактот што Лондон е светскиот центар на главните музички збиднувања и никогаш не знаеш на кого ќе налеташ и кој сè може да ја слушне твојата музика,“ вели Папаз, кој на сцената ќе биде придружуван од диџејот Уан и тапанарот Фил Мано.

Папаз во моментов е актуелен со прекрасната соработка со Диран Тавитјан, темата насловена „Засекогаш“.

 



Врати се горе ↑