Свет album-759

26 септември, 2015

Папата Франциск ќе објави рок албум

Папата Франциск ќе објави албум со прогресивна рок музика насловен „Wake Up!“, кој ќе содржи 11 песни во кои папата се обраќа на италијански, шпански, англиски и португалски јазик, зборувајќи за мир, достоинство, грижа за околината и помагање на оние на коишто им е тоа најпотребно.

Имено, откако Католичката црква неодамна апелираше до Обединетите Нации да ги „излечат раните на планетата разорена од омраза, сиромаштија, оружје и климатски промени“, „Ролинг стоуноткри дека поглаварот на Римокатоличката црква е мошне талентиран уметник со еклектичен вкус, а во неговиот прв музички обид одобрен од Ватикан, ќе се слушне неговиот глас придружен со музика компонирана од други уметници.

Продуцент на изданието закажано за 27 ноември е Дон Џулио Нерони, а првиот сингл насловен „Wake Up! Go! Go! Forward!“ е веќе достапен за преслушување овде. Списокот со песни Ве очекува во продолжение.

1. “Annuntio Vobis Gadium Mangum”
2. “Salve Regina”
3. “Laudato Sie…”
4. “Poe Que’ Sufren Los Ninos”
5. “Non Lasciatevi Rubare La Speranza!”
6. “La Iglesia No Puede Ser Una Ong!”
7. “Wake Up! Go! Go! Forward!”
8. “La Fa Es Entera, No Se Licua!”
9. “Pace! Fratelli!”
10. “Per La Famiglia”
11. “Fazei O Que Ele Vos Disser”



Врати се горе ↑