23 октомври, 2014

Панчо запеа во новиот сингл на ДНК, „Север и југ“

Дека покрај рапувањето Панчо има талент и за пеење се уверивме со изведбата на Rolling In The Deep“ од Адел, а сега конечно имаме можност да го слушнеме и во новиот сингл на дуото ДНК, кое денеска го претстави видео записот за баладата насловена „Север и југ“. Познатиот музичар, кој е автор на текстот, се одлучил за ваков чекор на инсистирање на нивниот долгогодишен соработник и продуцент Лазар Цветкоски, кој се погрижи за музиката и аранжманот.

За црно-белата екранизација беше задолжена екипата на „Томато продукција“, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во Скопје и на Козјак. Покрај момците од дуото, во видео записот се појавува и манекенката Кристина Масимоска од „Мак моделс“, а како изгледа и звучи „Север и југ“ можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑