Аудио

21 септември, 2017

Панчо од ДНК ја препеа „Есен во мене“ од Елена Ристеска

Едната половина од популарното ар-ен-би дуо ДНК, Панчо, освен што е одличен диџеј и рапер, во повеќе наврати го докажал и својот талент за пеење, а сега одлучи да ја препее и познатата балада Есен во мене од својата колешка и пријателка Елена Ристеска, сето тоа по повод 10 години од објавувањето на песната.

„Со нашиот продуцент Лазар Цветкоски решивме да го прославиме јубилејот на малку поинаков начин. Од срце им сме благодарни на Дарко Димитров, кој е оригинален композитор на песната, и на Елена Ристеска за укажаната доверба и дозвола да направиме анплагд-варијанта на оваа безвременска балада. Се надеваме дека ќе ви се допадне“, напиша Панчо на својот профил на Фејсбук, споделувајќи ја оваа одлична преработка.

Музичарите и претходно соработувале на песни за своите албуми, како што се минатогодишниот апсолутен радиски хит „Како да се радувам“ и „Моето маало“ (2013), а како звучи оваа прекрасна балада на Елена во изведба на Панчо можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑